Мајката која ги уби нејзините три ќерки, пуштена на слобода – Слободен печат
ВестиПланета

Мајката која ги уби нејзините три ќерки, пуштена на слобода

Мајката убиец, која сега има 42 години, беше дијагностицирана како „целосно неспособна за разбирање“ и како таква, и неказнива за тројното убиство.

Едлира Чопа е пуштена на слобода, иако делумно. Мајката со албанско потекло која во март 2014 година ги уби своите три ќерки во нивниот дом во Бергамо, Италија, ја заврши својата програма за рехабилитација во поранешната психијатриска болница во Кастиглионе деле Стивиере, и на 1 јуни таа излезе на полу-слобода, сместена во заштитена зона во провинцијата Лекос, пренесува Балканвеб.

Поминаа пет години, кога меѓу 8 и 9 март 2014 година, Едлира ги уби со нож своите ќерки – 13 годишната Симона, десет годишната Кеиси и Сидни која имаше само 3 години, а потоа се обиде и да се самоубие.

Мајката убиец, која сега има 42 години, беше дијагностицирана како „целосно неспособна за разбирање“ и како таква, и неказнива за тројното убиство.

За време на првото сослушување, Едлира изјави:

„Во Италија има мафијаши. Го сторив тоа да ги спречам ќерките да не завршaт лошо”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close