Мајката ги опиша последните денови на својата ќерка (19) која трагично си го одзема животот

Илустрација / Фото: Профимедиа

Кејт Рајли, 38-годишна мајка на четири деца од Моркамб, Англија, проговори за нејзината траума, предизвикана од истрагата за смртта на нејзината 19-годишна ќерка, Кортни Лонсдејл, пренесува Мирор.

Мајката со скршено срце зборуваше за болката со која морала да се соочи кога за време на истрагата за самоубиството на нејзината ќерка, дознала како ќерка ѝ ги поминала последните денови од нејзиниот живот.

Имено, несреќната девојка била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Овенден, на 2 март минатата година.

Полицијата објави дека кога пристигнале во нејзиниот дом тоа попладне, го нашле телото на Кортни заедно со прошталната порака.

Мајката на трагично починатата девојка ја родила на само 16 години. Во младоста, како што истакна Рајли, таа била жртва на семејно насилство, па затоа во 2010 година била принудена да ги остави своите три деца. Потоа младата Кортни била дадена на друго семејство.

Како што истакна мајката, несреќната тинејџерка претрпела и ментална и физичка злоупотреба во згрижувачко семејство.

Рајли вели дека нејзината ќерка живеела во семејство од „средна класа“ кое таа одби да го идентификува и кои прво побарале од Кортни да ја исече долгата коса до рамената, бидејќи било „полесно за одржување“.

Овој случај длабоко ја потресе светската јавност, а примерот на оваа девојка може да послужи како предупредување за сите да обрнат внимание кога некој од нивната околина се однесува невообичаено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот