Мајка со 22 деца вели дека животот е тежок откако нејзиниот сопруг-милионер е во затвор
Кристина Озтурк, 24-годишна мајка на 22 деца, се нашла во големи неволји откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) бил уапсен под обвинение за фалсификување документи и перење пари.
Од март 2020 година до јули 2021 година, парот потрошил повеќе од 168 илјади евра на сурогат мајки кои им родиле 19 бебиња. На дадилки годишно трошат повеќе од 90 илјади евра, а планирале да имаат 105 деца.
View this post on Instagram
Но, Кристина вели дека не знае дали нивните планови ќе се остварат бидејќи Галип е уапсен во Грузија, а таа е осамена и не може да го поднесе тоа што го нема нејзиниот сопруг.
„Чувството на осаменост не ме остава ниту кога сум со толку блиски луѓе. Се навикнав сопругот да е дома, да е секогаш тука. Последниве години работеше од дома, па постојано бевме заедно. Ноќе, кога ги заспивавме децата, постојано си зборувавме. Ако одев во Тбилиси или Истанбул, со часови зборувавме на телефон“, напиша таа во објава на „Инстаграм“ овој месец.
View this post on Instagram
„Сега ми е потешко од кога било. Не можам да ја поднесам тишината, не можам да го поднесам неговото отсуство, не можам да спијам и да се будам сама, не можам да го гледам неговото празно место. Не можам да ја слушнам неговата смеа, неговиот глас, не ја чувствувам неговата прегратка“, додаде таа.
Кристина сега живее во голема куќа со своите деца. Таа ја родила својата ќерка Вика на 17-годишна возраст, а првото дете со Галип, синот Мустафа, го родила во 2020 година. Нивното 21-во заедничко дете, девојчето Џуди, се родила пред само три месеци.
View this post on Instagram
Инаку, Галип Озтурк избегал од Турција во 2018 година, откако бил осуден на доживотен затвор за убиство кое се случило во 1996 година.