Мајка се ЗАДАВИЛА во кујната пред очите на синот кога МИКСЕРОТ И ЈА ФАТИЛ МАРАМАТА

Една Французинка (58) од Сент Етјен почина во бизарна несреќа додека со синот (15) подготвувала торта.

Мајката, според пишувањето на британскиот „Metro“ настрадала во неделата претпладне во сопствената кујна кога миксерот и ја фатил марамата и ја задавил.

Нејзиниот син веднаш повикал Итна помош, од каде му кажале да го исклучи миксерот и да ја пресече марамата. Но, се чини било предоцна за тоа.

Тинејџерот потоа објаснил дека тој и неговата мајка правеле торта кога се случила несреќата.

Итната помош се обидувала да ја реанимира мајката, но тоа не и успеало, пренесува францускиот „Le Progres“. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот