Мајка отворила профил на Твитер па открила дека ќерка и е порно ѕвезда
Една мајка непријатно се изненадила кога открила дека нејзината 19-годишна ќерка е порно ѕвезда на Твитер.
„Мислев дека Твитер е место каде што Доналд Трамп ги пишува своите глупави коментари, а не нешто што има мрачна позадина“, раскажа мајката.
Експлицитните содржини не се нешто што мислела дека ќе го види на Твитер, особено не за сопствената ќерка.
„Така еден ден одлучив да отворам еден профил да видам што пропуштам. Наместо зборовите на Трамп најдов нешто што ме погоди лично мене – својата ќерка која објавува порно содржини. Бев шокирана од она што го гледам. Она што го видов за мене беше поразително“.
Таа смета дека ќерката со своето „порно алтер-его“ и го скратила убавото сеќавање на неа како невино и добро дете и дека наместо тоа во глава цело време и стои нејзиниот задник.
Иако со денови ја измачувала експлицитната објава на нејзината ќерка, мајката сепак на крајот се соочила со неа.
Ќерката за време на разговорот ја изнела својата страна и и објаснила дека таа сега е „возрасна жена“ која самостојно може да донесува сопствени одлуки.
„Ми кажа дека тоа е нејзин начин на живот и начин на кој сака да се изрази и дека тоа за неа е ослободувачки“, изјави мајката.
„Немав друг избор, морав да ја поддржам нејзината одлука и да не го осудувам нејзиниот избор, бидејќи како родител тоа е тоа што едноставно некогаш мора да го направиш“, заклучи таа.