Мајка открива паметен трик ако го изгубите вашето дете во продавница

unsplash
Фото: Архива

Исчезнувањето на дете, колку и да трае кратко, е еден од најголемите кошмари на родителите. Една мајка која го загубила синот во супермаркет, открива интересен трик што ѝ помогнал да го најде.

Една мајка објаснила дека додека пазарела во еден маркет, го изгубила своето двегодишно дете.

Тоа беа најстрашните 10 минути од мојот живот и се чинеше дека трае цела вечност“, изјави таа за „Мирор“.

Во мометот кога сфатила дека нејзиниот син го нема, таа истрчала пред влезот на продавницата и на обезбедувањето му објаснила како изгледа детето за да се осигура дека не излегол сам од продавницата, или со некој друг возрасен.

unsplash

Додека избезумено трчала наоколу извикувајќи го неговото име, се сетила на еден трик што го видела на социјалната мрежа „ТикТок“.

Во него се вели дека ако вашето дете исчезне, почнете гласно да го опишувате. Ако можете да стигнете до пултот за информации, уште подобро.

Обидувајќи се да не паничи, таа шетала низ супермаркетот и гласно го повторувала неговиот опис: Изгубив мало дете, тој е облечен во жолта кошула и има кафеава коса. Има две години и се вика Нејтан.

И веднаш, сите присутни во продавницата почнале да го бараат По пет минути, некој постар човек го забележал Нејтан и викнал дека го пронашол.

unsplash
Фотографијата е по наш избор, не станува збор за истото дете од приказната

Мајката вели дека е благодарна на Бога што се сетила на видеото, за кое вели дека „може да го промени вашиот живот“, и им се заблагодарува на сите што и помогнале во продавницата тој ден.

Да не го опишував наглас мојот син, тој човек немаше да го препознае Нејтан. Нејт би поминал покрај него и не би ни трепнал“, додаде таа.

Откако ја сподели нејзината непријатна случка, мајката доби бројни коментари од родители кои ѝ се заблагодарија за храброста да сподели вакво искуство и ја пофалија нејзината снаодливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот