Мајка од пеколот: Ги фрлила близнаците веднаш по раѓањето, пожарникарите спасија само едно заглавено меѓу два ѕида

Спасувачите откриле дека девојчето лежи во дупка длабока девет метри и дека е опкружена со цевки и цигли. На бебето се уште не му била исечена папочната врвца.

Работниците од итните служби во Мексико спасиле бебе откако мајката, по раѓањето близнаците ги фрлила од станот, а девојчето останало заглавено меѓу два ѕида во Мексико Сити.

Службениците го пронајдоа и безживотното тело на детето, за кое се верува дека е нејзин брат близнак. Телото на детето е пронајдено врз куп ѓубре пред домот, пренесоа локалните медиуми.

Нивната мајка, идентификувана само како Жакелин, уапсена е и хоспитализирана. Нејзиниот сопруг Хозе се наоѓа во бегство.

Снимката од спасувањето на новороденчето ја објави Секретаријатот за јавна безбедност во Мексико. На него е прикажан моментот кога спасувачите го извлекуваат бебето на сигурно, откако по неколку часа, успеале да го пробијат ѕидот и да дојдат до него.

Спасувачите стигнале пред зградата каде мајката го фрлила бебето, откако жителите пријавиле дека слушнале детски плач.

Откриле дека девојчето лежи во дупка длабока девет метри и дека е опкружена со цевки и цигли. На бебето се уште не му била исечена папочната врвца.

Спасувачкиот тим морал да влезе низ станот на еден сосед и да го пробијат ѕидот за да стигнат до бебето.

Медицинскиот преглед покажал дека бебето има први знаци на хипотермија. Според пишувањето на локалните медиуми, девојчето е во стабилна состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот