МАЈКА ОБВИНУВА: Ќерка ми умре, бидејќи не и пружија помош во Ургентниот центар

Државниот и санитарен инспекторат постапува по случајот во кој мајка обвинува дека нејзината 22-годишна ќерка починала затоа што не добила соодветна медицинска помош во Ургентиот центар на скопските клиники. Случајот мајката го сподели со јавноста во контактна емисија на национална телевизија, по што видеото се споделува по социјалните мрежи .

Мајката раскажува дека откако се влошила здравствената состојба на нејзината ќерка повикала Брза помош, која, како што вели мајката, навистина дошла брзо. Проблемите почнале кога возилото стигнало до Ургентниот центар.

– Додека се возевме со возилот на Итна помош докторката се јавуваше во Ургентниот центар за да најави дека има пациент во тешка состојба и точно кажа какви специјалисти треба да го пречекаат пациентот. Но кога дојдовме до Ургентниот, тој прво беше затворен, а потоа немаше кој да пружи помош. Половина час мојата ќерка лежеше и на крај констатираа дека умрела, па уште и докторот од Ургентен ја искара докторката од Итна помош што донела починат пациент – раскажува мајката.

Мајката вели и дека била повикана полиција и обвинител. Полицајците дошле, но не постапиле, а обвинителот не се ни појавил. За случајот, вели таа, испратила писмо и до министерот за здравство Венко Филипче и до премиерот Зоран Заев.

Во врска со овој случај од Ургентниот центар ги демантираат изјавите на семејството.

– Апсолутно не е точно дека навреме не е пружена медицинска помош. Но ние не сме семоќни пациентката беше донесена почината кај нас – вели д-р Алберт Леши раководител на Ургентен центар.

Од Министерството за здравство велат дека не добиле писмо од семејство за ваков случај, поради што и не постапиле.

Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат, Ирина Бухова, објаснува дека за случајот постапуваат по допрен глас од медиумите.

– Инспекторатот ќе направи вонреден инспекциски надзор во сите здравствени институции каде пациентката била третирана тој ден, по што ќе излезе со став за тоа како ќе се постапува понатаму – вели Бухова.

На случајот добро се сеќаваат во Итната помош, но оттаму велат дека тие немаат право да даваат информации на медиумите, но детслно ќе го информираат Санитарниот инспекторат.

Мајка плаче на 24тв како и' починала ќерка која на ургентна амбуланта никој не ги примал !

Мајка плаче на 24тв како и' починала ќерка која на ургентна амбуланта никој не ги примал ! https://twitter.com/AcoMalio/status/1179043198041231362https://twitter.com/1VidiVidi/status/1179166671191367680

Publiée par Види Види sur Mardi 1 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот