Мајка на осум деца почина од коронавирус, по никоја цена не сакала да се вакцинира

Амбер Фелтнер (37), мајка на осум деца, починала од последиците на коронавирусот, а младата жена битката ја изгубила на 21 септември, откако била хоспитализирана.

Сопругот на починатата Амбер Травис Фелтнер, осум дена пред нејзината смрт објавил на Фејсбук дека неговата сопруга тешко дише и дека е хоспитализирана за да биде приклучена на респиратор.

Но, на жената, во меѓувреме, ѝ се влошила клиничката слика и ѝ откажале бубрезите, па набрзо и починала.

PREMINULA MAJKA (37) OSMORO DECE OD KORONE: Suprug otkrio da NE ZNA kako se zarazila, pa priznao da NIJE HTELA da uradi OVO (FOTO)

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Травис Фелтнер

На денот на смртта, Травис објавил семејна фотографија:

Ја изгубивме најдобрата мајка на светот, сопруга и пријател“, напишал неутешниот сопруг.

Во разговорот заWLWT5“, сопругот открил дека Амбер не била вакцинирана, како и дека се плашела од реакциите на вакцината. Како што раскажал, коронавирус прво добила нивната 19-годишна ќерка, но таа била добро, но и дека не му е јасно како неговата сопруга се заразила, пренесува „Хелт магазин“.

– Сопругата, со коронавирус се заразила или од децата кои го донесоа од училиштето или во продавницата. Не сум сигурен – рекол Травис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот