МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА состави листа со ЗАБРАНИ за бабите и дедовците: Еве што не е дозволено!

Карен Алперт на својот блог објави шеговита листа со т.н. забрани, кои се однесуваат на бабите и дедовците, кога ги чуваат внуците.

„Драги баби и дедовци, ви благодарам што ни помагате и што ги чувате нашите деца. Многу сме благодарни, но би биле уште поблагодарни ако испочитувате уште неколку нешта.“

Таа нагласила дека често има проблеми поради разгалувањето на децата и дека едноставно, не може да ги препознае кога ќе ги земе дома.

Ова се нејзините забрани:

1. Ве молам, немојте постојано да им давате слатки. Тој шеќер ги прави децата мали чудовишта.

2. Не оставајте вклучен телевизор во позадина. Прегласно е, а и децата не треба постојано да зјапаат во екран. Внимавајте и на програмата.

3. Користете ги сигурносните појаси во кола, кацигите за велосипед, креми за сончање, влажни марамици… Знам дека велите дека е чудо што се живи и сериозна сум кога велам „да, чудо е“.

4. Немојте децата да ги оставате надвор со часови, поминаа времињата кога излегуваат во 9 наутро и се прибираат во 5 попладне.

5. Времето за спиење е време за спиење и тука нема попуштање. Нема ни гледање телевизија пред спиење.

6. Внимавајте и на обврските, ако се на гости не значи дека не треба да напишат домашна.

7. Ако нешто навистина сакате да им купете, нека бидат тоа чорапи и долна облека. Играчки имаат доволно.

8. Не ми се смејте на листата на броеви за итни случаи. Не ги фрлајте броевите на педијатарот и нивниот матичен лекар.

Ако им недостигаме, едноставно кажете им дека ќе се вратиме и дека не сме ги оставиле. Толку е лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот