Мајка на дете со аутизам: Децата со аутизам се различни, а исти

Марина Ристовска е мајка на дете со аутизам, Милан, кое посетува редовна настава во ООУ „Јоким Крчовски”, каде таа воедно работи и како одделенски наставник

Искрен и отворен пристап е она што ги карактеризира дечињата, сите, без исклучок, а желбите на лицата со аутизам, чиј ден се одбележува денеска, 2 Април, се исти, детски, да има здравје, смеа и радост за сите, порачува Марина Ристовска, мајка на дванаесетгодишниот Милан Ристовски од Крива Паланка.

Марина Ристовска е мајка на дете со аутизам, Милан, кое посетува редовна настава во ООУ „Јоким Крчовски”, каде таа воедно работи и како одделенски наставник. Милан, вели, работи по индивидуална образовна програма, ИОП, која таа му ја пренесува, го едуцира и сега, дома, во изолација, во која сите сме принудени да живееме.

-Милан е темпераментен и интелигентен, од самиот почеток на воспитно образовниот процес е во редовната настава, до петто одделение одеше на училиште во придружба од дефектолог, а сега со моја поддршка. Како и да е, тој многу го сака училиштето, а сега кога се дома е разочаран што не може да оди и да ги види другарчињата и наставниците, раскажува Марина.

Прочитајте и...  Апостолова: Почитувањето на одлуката на Уставен и владеење на правото на Косово

Сепак, со учењето од далечина и со интернетот, Милан е во контакт со другарите и соученичките, па денес, тие заедно со класната му приредија изненадување и му подготвиле презентација,на што тој многу се израдувал.

– И минатата година и денес заедно со другарчињата го одбележавме овој датум, зашто тие многу го засакаа и многу го почитуваат. Инаку, секојдневно, сега откако не е на училиште, работиме по индивидуална образовна програма, цртаме, учиме, креираме, пееме. Секојдневно ја подготвува и училишната чанта со надеж дека утре ќе се врати во училишните клупи, додаде Ристовска.

Марина упати порака до сите по повод денот на лицата со аутизам.

-Децата со аутизам се различни, а исти, доколку ги запознаете, можете само да ја почувствувате нивната позитивна енергија и различниот поглед на светот, кој е поинаков, но истовремено ист, како кај секој човек на планетата земја, додаде Марина.

Прочитајте и...  Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но нема да оди против сојузниците

Прочитај повеќе

Бран апсења во Хрватска: Паднаа шефот на „Шуми“, функционери од ХДЗ и бизнисмени

Слободен печат

Врховен сè уште нема донесено одлука за одењето во затвор на Јанкулоска

Слободен печат

Алијансата на Албанците ја повикува Антикорупциска да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ

Слободен печат

Изнемоштен коњ паднат среде улица, сопствениците го удираат и влечат за да стане! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најголем квартален пад на француската економија од 1968 година, од 5,3 отсто

Слободен печат

Пад на италијанскиот БДП и до 13 отсто

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пендаровски разговараше со Папата Франциск за солидарноста која е клучен елемент за заедничката борба против пандемијата

Слободен печат

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Слободен печат

ОТА ги отфрла како невистинити тврдењата на министерот Чулев

Слободен печат

Од ова коцкање со изборите – полошо здравје!

Слободен печат

Чулев: Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, нека бараат одговорност од Директорот на БЈБ

Слободен печат

Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

Слободен печат