Мајка ја шокираше Италија: Дознала дека бебето има ковид-19 па го напуштила
Мајка која својата ќерка ја однела во болница откако бебето се заразило од ковид-19, го напуштила, рекоа италијанските лекари.
Кога жената и бебето минатата недела стигнале во болницата во Палермо, тестирани се на коронавирус и двете биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница Ди Кристина, мајката побегнала и го напуштила детето.
Полицијата тргнала во потрага по неа зошто не одговарала на повиците на медицинските работници.
„Медицинскиот персонал со денови се обидуваше да ја контактира мајката но не успеавме да ја добиеме. Тогаш ја повикавме полицијата и рековме дека можеби имаме случај на напуштено бебе“, рече лекарот Марило Фурнари, а пренесув Сан.
Според весникот Ла Република, жената прво се претварала дека му е тетка на четиримесечното бебе, пред да исчезне на 12 октомври. Весникот пишува дека два дена подоцна се појавило друго женско лице кое исто така тврдело дека е тетка на бебето. Меѓутоа, персоналот се посомневал и ја контактирал полицијата, по што другата жена побегнала.
За среќа, детето оттогаш се опоравило од ковид-19, болеста од која досега во Италија починаа повеќе од 36.000 луѓе.