Мајка и син мета на лихвари

profimedia

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) и К.Г.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информира МВР.

-Од октомври 2019, во повеќе наврати, пријавените упатувале закани кон С.М.(46) од Скопје и нејзиниот син поради парични средства во износ од 80.000 евра, кои во повеќе наврати со високи камати ги давале на синот на С.М. На 14.11.2019, пријавениот М.Ј. телефонски ја побарал С.М. и со закана од неа побарал да даде дел од долгот- е наведено во дневниот билтен на МВР.

Таа со него се договорила да му даде 60.000 денари, а веќе наредниот ден случајот го пријавила во СВР Скопје. Истиот ден М.Ј. бил приведен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот