МАЈКА ГИ УБИЛА СВОИТЕ БЛИЗНАЦИ, а нема да и се суди за убиство

На мајката која го убила својот син и ќерка близнаци повеќе нема да и се суди за убиство откако судијата наложил психијатриски извештај за нејзиното ментално здравје.

Саманта Форд (38) поднела предлог за кривично дело во состојба на непресметливост за смрта на 23-месечните Џејк и Клои.

Обвинителството денес тоа го прифатило. Според Мирор таа ги убила своите близнаци на Боксинг деј пред да замине на возење и да го удри автомобилот.

Нејзиниот автомобил се судрил со камион на автопатот А299 Танет во Лондон на 27 декември во три часот наутро. Кога стигнала Брза помош таа им рекла да го проверат нејзиниот дом во Вествуд затоа што нејзините бебиња биле таму.

Болничарите се обиделе да ги спасат децата, но ги одвеле во болница и подоцна ги прогласиле мртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот