Мајка Далтон: Украинка (51) ископала тунел за да го извади синот од затвор, но и таа завршила зад решетки! (ВИДЕО)

Нешто слично како мајката на браќата Далтон од стрипот за Таличниот Том, една мајка се обидела да го извлече синот од затвор од Укрина, но била фатена и сега најверојатно и таа ќе заврши зад решетки.

Педесетиедногодишната жена изнајмила куќа во близина на затворот во Запорошката област на југот од Украина.

Потоа со лопати и мотики копала тунел на длабина од три метри и долг 10 метри се до затворските ѕидини.

Копала само навечер за да не привлече внимание, а до куќата патувала со електричен скутер.


Земјата ја носела во гаража, а од тунелот ја вадела на посебени дрвени колички, пренесува РТС.

Пред да биде фатена, таа ископала и изнела околу три тони земја за три недели од кога ја започнала операцијата.

Локалното население смета дека жената добро се подготвила и дека е во прашање ќерка на рудар со оглед на тоа дека за толку кратко време направила толку голем тунел – пренел „Дејли Мејл“.

За време на претрагата во куќата, полицијата пронашла рачен алат за копање. Жената инаку добила пофалби од Украинците.

– Ова е вистинска мајка, не е тие кои ги напуштаат своите деца – гласи еден коментарите на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот