Мајка (29) го роди својот осми син: Нема да престане да има деца додека не добие девојче

Мајка која престанала да користи контрацепција откри дека штотуку го родила своето осмо момче. Јалансија Росарио (29) штотуку го родила синот Каиро кој веќе има седум браќа. Досега била девет пати бремена, но изгубила едно момче во првиот триместар, пренесува британскиот „Дејли Стар“.
На нејзиниот инстаграм-профил, мајката од Тексас, САД го документира својот живот во големо семејство во кое таа е единствената жена.
View this post on Instagram
Така, таа објави фотографија од своето ново, осмо бебе, а во описот на истата напиша: „Го дочекавме Каиро Ели Емори Росарија на 4 јуни 2022 година во 12 часот… Најпрекрасното породување со оглед на тоа што немав болки, туку само 4 контракции – напиша таа.
Мајката претходно откри дека е воодушевена што ќе има уште едно дете и дека двојката ќе продолжи да има деца додека не добијат девојче, кое, како што вели, нејзиниот сопруг навистина го сака.
„Се чувствувам прилично добро, дефинитивно ќе имаме уште деца“, рече таа. „Иако мојот сопруг се надева на девојче, некако имам претчувство дека ми е судено да имам само момчиња“, рече таа, додавајќи дека отсекогаш сакала големо семејство.
View this post on Instagram
Мајката, која е мажена за Мајкл (36), додала дека се надевала на семејство од најмалку 10 членови, бидејќи и самата пораснала како најстара од седумте деца.
„Отсекогаш сум сакала да имам свое големо семејство со кое ќе создавам неверојатни спомени“, додаде таа. „Неколку од моите момчиња беа зачнати додека бев на контрацепција, но со задоволство ги пречекавме, а потоа беа планирани неколку… Веќе не користам контрацепција. Живееме во рамките на нашите можности и имаме одличен систем на менаџирање со буџетот“, објасни таа.
View this post on Instagram
Мајката го документира своето секојдневие на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде има над 73.400 следбеници.
View this post on Instagram