Мајк Тајсон: Како го убив монструмот во себе

twitter/miketyson

Мајк Тајсон е едно од најголемите боксерски имиња на сите времиња кој колку што имаше успеси во рингот, толку имаше проблеми во приватниот живот. Неколкугодишната затворска казна, банкротот и проблемите во приватниот живот, конечно се минато за славниот боксер и на своите 52 години почна да ужива во животот. Тајсон во моментов ужива во својот бизниз, тој одгледува канабис и бизнисот му е во прв план.

Откако му се посвети на бизнисот кој според него одлично му оди, Тајсон во разговор за американските медиуми откри дека не сака светот да го памети како монструм иако ги признава гревовите од минатото.

– Не сакав да бидам монструм и како таков да ме паметат кога ќе умрам. Не сакав да бидам тој монструм, бидејќи тој човек беше токсичен и опасен за своето семејство. Семејството ми е се – вели Тајсон.

Славниот боксер кој во рингот беше страв и трепет за противниците, вели дека на поправањето на сликата за себе работел доста време.

– Знаев дека ништо нема да се смени преку ноќ. Сепак, морам да кажам дека не жалам за се што сум работел во минатото. Дрогата, сексуалните испади, тешачките, несреќите се минатот за мене и сега сакам да се посветам на семејството и благодарен сум што добив нова шанса да ги исправам работите – зборува Тајсон кој потоа откри што користеше за да се „пронајде“ себе си.


Поранешниот шампион во тешка категорија открива дека користел мали количини на отров кој го произведуваат жабите и кој според неговите зборови многу му помогнал, додека во Ново Мексико пронајде доховен мир кај локален врач.

– Тој ми даде на испушам нешто и потоа како да експлодира се во мене. Кога дојдов при себе, мојот мозок како да беше нов. Го убив егото, го убив стадиот Тајсон и мојот живот се промени. Можеби звучи како сценарио за филм, но верувајте токму тоа ми се случи на мене. Се бидам со насмевка секое утро и постојано го поставувам истото прашање „што ми случи“?. За само 15 минути сфатив се, го убив своето его – зборува Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот