Мајк Тајсон ја потврди новата борба против Холифилд!
Легендарниот боксер Мајк Тајсон потврди дека повторно ќе влезе во рингот и ќе ги вкрсти ракавиците со својот стар ривал.
Тајсон ќе се бори против Ивандер Холифилд, преговорите траеја долго, во еден момент се чинеше дека не успеаја, но ќе ги гледаме овие двајца легендарни боксери повторно во рингот еден против друг.
– Само сакам да знаат сите, борбата меѓу мене и Холифилд сè уште трае. Тој е скромен човек, го знам тоа. И тој е Божји човек, но и јас сум Божји човек. И слушајте, ќе бидам успешен на 29 мај – рече Тајсон, потврдувајќи дека борбата ќе се одржи во Мајами.
Тоа ќе биде нивни трет судир, Холифилд славеше во 1996 година во нивната прва меѓусебна борба, а една година подоцна имаше борба која долго ќе се памети, борба во која Тајсон одгриза дел од увото на Холифилд, по што беше дисквалификуван од мечот.
Холифилд моментално има 58 години, а Тајсон е четири години помлад.