Мајк Помпео ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Државниот секретар Мајкл Р. Помпео и неговата придружба, во која се помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел, денеска, како дел од програмата од посетата на нашата земја ја посетија црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Ова значајно црковно и културно богатство на нашата земја, црквата „Света Богородица Перивлепта“, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.

Оваа посета на државниот секретар Помпео и на американската делегација, ја потврдува оваа иницијатива и поддршка, со која досега се обновени и реставрирани Националната галерија на Северна Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, струмичко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот