Мајк Пенс формално ја прифати кандидатурата за потпретседател на САД

epa08510980 US Vice President Mike Pence participates in a White House Coronavirus Task Force news briefing at the US Department of Health and Human Services in Washington, DC, USA, 26 June 2020. Coronavirus COVID-19 cases have surged across states in the US South. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Мајк Пенс пред конвенцијата на Републиканската партија синоќа формално ја прифати кандидатурата за потпретседател на САД за уште еден мандат, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Неговиот настап беше прикажан виртуелно, пред само десетици гости, а се одржа од Форт-Мекхенри во Балтимор, сојузна држава Мериленд. Пенс изјави дека САД поминуваат низ време на искушенија, но оти „имаме претседател кој стои пред секој предизвик и непријател и ги брани нашите слободи”. 

-Голем дел од Американците во 2020 година поминаа низ многу искушенија… Имаме претседател кој стои пред секој предизвик и непријател и ги брани нашите слободи, посочи тој.

Раскажа за историјата на одбраната на тврдината Мекхенри од Британците пред повеќе од два века, главна тема во стиховите на химната на САД The Star-Spangled Banner (Знаме засипано со ѕвезди). 

-Форт Мекхенри опстои, и изутрината, нашето знаме се уште беше овде, изјави потпретседателот, цитирајќи го текстот на химната. 

-Мои драги Американци, минуваме низ перид на искушенија, но ако погледнете низ маглата на овие тешки времиња, ќе видите дека нашето знаме денеска се уште е таму, рече Пенс.

Кандидатурата на Трамп и Пенс за претседател и потретседател од Републиканската партија беше објавена на 24 август. Формалната согласност дека е подготвен да ги претставува сопартијците на овие избори Трамп треба да ја даде денеска и со тоа конвенцијата на републиканците ќе заврши. 

САД се пред уште едни избори закажани на 3 ноември. Ќе се избира претседател и потпретседател, сите 435 члена на Претставничкиот дом и третина од Сенатот на Конгресот на САД, гувернери од 13 сојузни држави и теротории. 

На изборите, соперник на Трамп ќе биде демократот Џозеф Бајден, со Камала Харис, од демократите, номинирана како кандидат за потпретседател на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот