МАЈЕ го осуди апсењето и притворот за новинарката Анѓела Ѓикановиќ

Фото: Профимедиа

Вчера локалните медиуми пренесоа дека поранешната главна и одговорна уредничка на порталот ФОС, Анѓела Ѓукановиќ (26), е пуштена да се брани од слобода, откако беше уапсена поради сомениние дека извршила кривично дело предизвикување на паника и неред.

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАЈЕ) најостро го осуди апсењето и притворот за уредничката на „ФОС Медија“, Анѓела Ѓикановиќ.

Од МАЈЕ велат дека не сакаат да навлегуваат во содржината на спорниот текст, бидејќи тој не може да биде причина за притворање на новинари или уредници.

– Црногорските институции имаат на располагање низа на механизми во согласност со постоечките позитивни прописи да бара одговорност поради некој текст за кој сметаат дека е неточен – од судски тужби до постапки пред регулаторните тела. Тоа што тие постапки се неефикасни, како по постоечките така и по новите, идни законски решенија, одговорноста исклучително е токму кај овие институции кои го создале таквиот систем – стои во соопштението.

Вчера локалните медиуми пренесоа дека поранешната главна и одговорна уредничка на порталот ФОС, Анѓела Ѓукановиќ (26), е пуштена да се брани од слобода, откако беше уапсена поради сомениние дека извршила кривично дело предизвикување на паника и неред.

Полицијата претходно пренесе дека таа предизвикала паника во јавноста со пренесување на лажни вести преку медиумите, и како авторка објавила текст со насловот „ФОС открива: Припадници на РОСУ на располагање на Црна Гора за Бадник“. Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи на денот на собир во Подгорица закажан за Бадник“.

Таа на сослушувањето ги отфрли обвиненијата, а според зборовите на нејзиниот адвокат, не сакала го открие изворот на информацијата, пренесуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот