Мајами не ја искористи првата „меч топка“ против Бостон (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Бостон го совладаа Мајами со резултат 121:108 и намалија во НБА финалната серија од Источната конференција на 3:2. Со тимска игра Селтикси ги надиграа „жешките“ и се изборија за нов шести натпревар.

Екипата од Флорида имаше шанса доцна синоќа да ја заврши серијата, но тоа не го дозволи најтрофејниот клуб.

Мајами стекна солидна предност после првата четвртина од осум поени, на паузата резултатот беше 58:51, а потоа следуваше жесток одговор од тренерот Бред Стивенс.

Селтикси третата четвртина ја решија во своја корист со 41:25 и така го презеде водството. Истото до крајот на средбата се зголеми на 13 поени и немаше какви било шанси за Мајами да се врати во мечот.

Во победничките редови Џејсон Тејтум беше најдобар со 31 поен, 10 скока и шест асистенции. Зад него се Браун со 28 поени, а Тајс додаде 15 поени и 13 скока. А за Мајами се истакна Горан Драгиќ со 23 поени, три помалку запише Робинсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот