Мајами ќе биде противникот на Лејкерси во големото НБА финале (ВИДЕО)

„Жешките“ го совладаа Бостон селтикс со 125:113 во шестиот натпревар во финалето на Источната конференција и триумфира во серијата со 4:2 во победи.

Екипата на Мајами хит во големото НБА финале ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс, а првиот меч е закажан на 1. октомври.

Во последниот шести натпревар од финалето на Источната конференција, се мирисаше дека ќе се игра мајсторска, но Мајами успеа да направи пресврт и да слави на крајот. Интересно е што екипата на Бостон во сите шест натпревари против Мајами водеше во последната четвртина, но на крајот победи на само две средби.

Овој пат јунак на Мајами беше Бам Адебајо кој негативата од шест поени на својот тим во последната четвртина ја анулира играјќи го најдобриот натпревар годинава. Адебајо кој постигна 32 поени, имаше 14 скокови, на седум минути до крајот постигна или асистира во 11 поени по ред во неверојатната серија на неговиот тим од 26:6 со која беше направен пресврт и беа уништени шансите на Бостон да се избори за одлучувачки седми натпревар.

Прочитајте и...  Страшна Астон Вила, „четири од четири“ во Премиер лигата!

Покрај Адебајо, уште пет кошаркари на Мајами хит постигнаа двоцифрен број на поени, а интересно е што крилото Андре Игудала шеста година по ред ќе игра во големото НБА финале, откако пет години по ред играше со Голден Стејт вориорс и освои три шампионски титули.

На Бостон не му помогна одличната игра на Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои заедно постигнаа 50 поени и имаа 15 скокови и 15 асистенции.

Поврзани вести

Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пирло: Дибала е голем шампион и наскоро ќе биде на терените!

Слободен печат

Ѓоковиќ го стигна Надал и запиша нов рекорд

Слободен печат

Лацио повторно во ЛШ: УЕФА потсети на мајсторијата на Пандев против Реал! (ВИДЕО)

Слободен печат

Голманот на Евертон без казна за повредата на Ван Дајк!

Слободен печат

Солскјер изненади со списокот на играчи пред дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар