Мајами ги чува својот најдобар играч, Батлер ќе добие 184 милиони долари

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Мајами хит кој пред две сезони играше во големото НБА финале, одлучи да го зачува својот најдобар играч, Џими Батлер и ќе му понуди нов четиригодишен договор вреден 184 милиони долари, извести новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Батлер во Мајами пристигна пред две сезони по размената со Филаделфија и веднаш во првата сезона ја однесе до големото финале каде на крајот загуби од ЛА Лејкерс.
Минатата сезона, Батлер беше најдобар играч на „жешките“ со просек од 21.5 поени, 7.1 асистенции и 6.9 скокови на 52 натпревари.

Во текот на кариерата, Батлер настапуваше за Чикаго, Минесота, Филаделфија и Мајами и има просек од 17.4 поени, 5.2 скокови и 4 асистенции по натпревар.

Видео на денот