МАГЛАТА ГО ОТЕЖНА СООБРАЌАЈОТ УТРИНАВА: Реализирани само четири лета на скопскиот аеродром

Магла на пат/Фото: Архива на Слободен печат

Маглата која утринава ја има по котлините и планинските превои го отежнува сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализрани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието.

Јавното претпријатие „Македонија пат” кое е задолжено за одржување на патиштата низ државата апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На аеродромот во Скопје, според информациите од нивната веб страница, утринава не е реализирано ниту едно планирано слетување, а со задоцнување полетале само четири авиони на „Визер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот