Магла утринава во неколку градови, преку ден облачно со дожд

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Магла утринава има во Скопје, Тетово, Куманово, Штип и Демир Капија, а магливо е и во Струмица.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди особено во источните делови од државата, а магла претпладне ќе има по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер кој во западните делови краткотрајно ќе засилува. Кон крајот на денот во западните делови ќе има појава на краткотраен дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје слично време со температура до девет степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот