Магла на Стража, Ѓавато и Пресека

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Од ЈП Македонијапат препорачуваат крајно внимателно возење на патниот правец крак Маврово-Маврови Анови поради појава на одрони.

Потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот