„МАГИЈА“ НА УС ОПЕН: Најдобриот поен во кариерата на Рафа!? (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

„МАГИЈА“ НА УС ОПЕН: Најдобриот поен во кариерата на Рафа!? (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер се пласираше во четвртфиналето нa грен слем турнирот во Њујорк откако го совлада Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 по сетови.

Фантастичен потег на еден од најдобрите тенисери на светот, Рафаел Надал при резултат 5:2 и 3:30 во четвртиот сет, кој тамошните медиуми го прогласија за најдобар во кариерата на Шпанецот.

Рафа ја дигна публиката на нозе, а на овој поен се израдува и еден од најплатените спортисти на светот, голферот Тајгер Вудс.

И самите фанови на социјалните мрежи освен што се одушевени од потегот на Надал, се и изненадени од таквата реакција на Вудс кој воглавно го знаеме како смирен, а и неговиот спорт е таков.

Шпанскиот тенисер за пласман во големото финале ќе игра против аргентинскиот натпреварувач Диего Шварцман.

Надал има и отворен пат кон титулата на УС Опен, бидејќи елиминирани се Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close