„Магија“ на Иниеста за финале во јапонскиот куп! (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешната ѕвезда на Барселона со гол придонесе во победата на Висел Кобе од 3:1 во дуелот против Шимизу, во полуфиналето на фудбалскиот куп на Јапонија.

Андрес Иниеста (35) беше стрелец на првиот гол со кој Висел поведе со 1:0. Шпанскиот ветеран беше повлечен од игра во 89. минута од натпреварот.

Шпанскиот интернационалец игра и втората година во јапонскиот клуб, во 2019 имаше шест погодоци од 23 мечеви во националниот шампионат.

Во составот на Висел, целиот куп меч го одигра Белгиецот Томас Вермален, додека Лукас Подолски кој исто така е член на клубот, остана на клупата за резерви.

Во финалниот меч, противник на Висел ќе биде подобриот од другото полуфинале во кое се среќаваат Кашима и В-Варен Нагасаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот