Магичниот Бензема: Реал со голем чекор кон титулата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Единствениот гол на овој натпревар се случи во 45 минута, убаво со пета асистираше Бензема до Каземиро кој стрелаше во мрежата на Лопез.

Во рамките од 32 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Реал Мадрид славеше со 0:1 на гостувањето кај Еспањол.

Единствениот гол на овој натпревар се случи во 45 минута, убаво со пета асистираше Бензема до Каземиро кој стрелаше во мрежата на Лопез.

На шест кола до крајот на сезоната во „Ла Лига“ водат „кралевите“ со 71 бод, два повеќе од Барселона.

Во наредната лигашка рунда играчите на Зинедин Зидан на 2 јули ќе го пречекаат Хетафе, а претходно оние на Кике Сетиен на 30 јуни на „Камп Ноу“ ќе играат против Атлетико Мадрид.

Претходно во неделната програма Виљареал беше подобар од Валенсија (2:0), Еибар триумфираше кај Гранада (1:2), а македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во новата победа на Леванте на дуелот со Бетис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот