МАГИЧНИ ПРИКАЗНИ: „Три“ ја објави книгата „Се гледаме во Опсан“ од Сила Јакерт

Издавачкиот центар „Три“ ја објави книгата за деца „Се гледаме во Опсан“ од шведската авторка Сила Јакерт, во превод на Ивица Челиковиќ. Книгата е дел од новата едиција „Магични приказни“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Во приказната на романот детскиот фокус е свртен кон самоодговорноста да се порасне надминувајќи ги семејните кавги, промени и проблеми. Шведската авторката успеала да претстави неколку детски ликови што пленат со својата едноставност и што поттикнуваат на размислување за нивното место во семејството и во светот.

Сила Јакерт е шведска авторка на книги за деца. Иако формално образование стекнала во општествените науки и историја, таа работи како уредник на весник и сценарист. Во 2013 година ја добила наградата „Чатал“ на Сојузот на писателите на Шведска за дебитантската книга „Денешни катастрофи“. Во 2014 година го објавила „Се гледаме во Опсан“, книга за сите мали и големи деца.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 25, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот