Магични приказни: Приказна за една детска, чиста љубов

Книгата „Срцето е тупаница“ од младата норвешка авторка Ингрид Уведие Волден е дел од едицијата „Магични приказни“ на „Три“, која е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Кога ќе се сретнат двајца млади и ќе се погледнат со срцето, таму почнува прекрасната приказна за една детска, чиста љубов, која станува пример за победата на стравот од другите. Сѐ се случува кога еден ден учениците добиваат необична задача – секој да подготви проект за еден орган од телото. Во потрага по информации, новото молчаливо девојче во одделението, Алине, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира срцето – големо колку тупаница, но толку моќно. Оливер го избира окото, органот што го снима филмот на нашите животи. Од тие нивни средби се раѓа невината детско-младешка љубов.

Ингрид Уведие Волден се етаблира како еден од најважните гласови во норвешката литература за деца и млади токму со овој роман за првата, детски чиста љубов. Прв нејзин роман за деца и млади е „Сѐ што е важно“ во 2016 година, со кој е номинирана за најдобар дебитант од Министерството за култура на Норвешка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 33, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот