Магични приказни: Неверојатни размисли за моќта на спомените

Издавачкиот центар „Три“, во рамките на едицијата „Магични приказни“, ја објави книгата „Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс. Преводот на македонски јазик е на Катерина Јосифоска, а едицијата е поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Во трогателниот и речиси беспрекорно напишан роман „Крајот на осаменоста“ Велс ткае тридецениска семејна историја низ неверојатни размисли за моќта на спомените во човековиот живот, за сличностите и различностите, за пријателството, љубовта и сочувството. Романот нѐ води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра, кои ги губат родителите во автомобилска несреќа и ги поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Дури и кога ќе пораснат, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи. Оваа калеидоскопска семејна сага е истовремено и закрепнувачка љубовна приказна и ода за пријателството.

Бенедикт Велс е современ германско-швајцарски писател, кој уште со објавувањето на својот прв роман ги освои и публиката и критичарите, ги доби најзначајните книжевни награди и стана еден од најпреведуваните автори од германски јазик. Досега ги објавил романите „Последното лето на Бек“, „Откачен“ и „Речиси генијално“. Неговиот четврти роман „Крајот на осаменоста“ е преведен на 34 јазици, а во 2016 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија, како и наградата на Фондацијата „Равенсбургер“ за најдобар семеен роман. Во 2018 година ја освои и наградата „Еурегио“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 33, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот