Магичната димензија на бројот 100

Бројот 100 има некоја магична димензија. Во човековиот живот „да се доживее стотата“ значи долговечност. Прослава на стогодишен јубилеј е чин со огромно значење во секоја област. Во однос на стотиот број на неделен прилог за култура, работите не се толку драматични, но во ситуација кога речиси сите редакции за култура се згаснати или трансформирани, кога културата најчесто се третира ефемерно, на маргините на другите настани, од особено значење, барем за нас, е создавањето и двегодишното опстојување на „Културен печат“ како прилог за култура во дневниот весник „Слободен печат“, бидејќи други такви примери, речиси, и да нема.

Благодарение на професионалниот усет на менаџментот и уредништвото на „Слободен печат“, вредните раце на графичката дизајнерка Елисавета Бејкова и лекторката Виолета Караџовска-Стојанова, но најмногу на прифаќањето и фантастичниот одзив на читателската публика и уметничката фела, „Културен печат“ стигна до својот 100-ти број. Заедно продолжуваме понатаму!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот