Магдевски уште две години ќе ја организира играта на „металците“

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски (23 год, 192 см) останува организатор на играта на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го продолжи договорот за уште две години.

Станува збор за плејмејкер кој иако млад по возраст, сепак, има големо искуство кое ќе му биде од помош на тренерот Ѓорѓи Кочов. Магдевски имаше забележителен настап во минатата сезона во која дојде до првиот шампионски пехар во кариерата.

Магдевски е добро познато име во македонската спортска јавност и тоа како еден од нашите најголеми таленти во последните 7-8 години. Ја мина младинската школа на Реал Мадрид, потоа извесен период настапуваше за Партизан, по што се врати во Македонија, каде пред настапот за Гостивар од каде што дојде кај нас пред почетокот на минатиот шампионат две сезони играше за Фени индустри. Во 2012 година доби привилегија да биде дел од кампот на Мајкл Џордан, прво во Лондон каде што беше меѓу најдобрите, а потоа и во американскиот град Шарлот.

Минатата сезона тој настапи на 26 средби во АБА2-лигата со просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби просечно реализираше 8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот