Магдевски: Сигурно ќе бидеме потценети од противниците и тоа мора да го искористиме

Кошаркарите предводени од селекторот Александар Тодоров ги имаат последните подготовки пред двата натпревари од квалификациите за ЕП 2022 година.

Поради пандемијата на коронавирусот, ФИБА Европа одлучи натпреварите од нашата група во ноемврискиот „прозорец“ за се играат во Талин, Естонија.

– Прв пат се соочуваме со ваква ситуација, сигурно не е лесно. Но како за сите, така и за нас. Во Естонија дојдовме во доста изменет состав во однос на претходниот ФИБА прозорец, но нема да се откажеме. Сигурно ќе бидеме потценети од страна на другите репрезентации, и тоа мора да го искористиме на најдобар начин. Имаме кратко време во Естонија да се запознаеме со Вајли. Но убеден сум дека ќе ни помогне. Долго време е во Европа и игра на највисоко ниво, додека за Војдан нема што да се каже. Сите го знаеме неговиот карактер и посветеноста спрема репрезентацијата- вели бекот Андреј Магдевски.

Македонија утре од 15. часот ќе игра против Италија, додека два дена подоцна ја очекува и натпреварот со Естонија.
– Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но и екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат. Естонците добро ги познаваме. Со нив е потребно да играме со многу енергија во одбраната, со паметна игра во нападот. И да не изгориме од желба за победа, како што ни се случи во Скопје- вели Магдевски кој треба да го преземе товарот во организацијата на играта поради отсуството на Ненад Димитријевиќ.

Кошаркарската репрезентација на Македонија во првите два натпревари од квалификациите за ЕП 2022, доживеа два порази од Естонија (72:81) во Скопје и на гости од Русија (77:67).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот