Магазинот „Вог“ со историската насловна страница ја поддржа борбата за зачувување на животната средина! (ФОТО)
Слободен Печат
Пред
„Вог“ за првпат во историјата без фотографија на насловна.
Насловната страница на италијанскиот „Вог“ овој јануари е потполно поинаква од сите досега објавени. Љубителите на оваа модна библија ќе имаат прилика да уживаат во рачно насликаните „Гучи“ креации, бидејќи класичниот моден едиторијал недостига. Уредниците дошле до оваа идеја за да ја поддржат светската борба за зачувување на животната средина.
„Во глобалната дебата за зачувување на животната средина постои еден аспект кој мене ми е многу близок, а тоа е интелектуалната искреност. Во нашиот случај, тоа значи дека мора да признаеме дека процесот на изработка на магазинот има негативно влијание врз животната средина. Најискрениот начин да се соочиме со проблемот е да признаеме дека тој постои. Овој гест е наш начин да кажеме дека знаеме дека сме дел од индустријата која е далеку од оние кои го поддржуваат одржувањето на животната средина“, рекол уредникот на италијанскиот „Вог“, Емануел Фарнети.
Фарнети набројал само неколку работи кои се потребни за модниот едиторијал да се направи како што треба. Помеѓу останатото тоа се 20 летови со авион, повеќе десетици возења со воз, 40 автомобили во приправност, 60 интернационални достави, повеќе од 10 часа осветлување на простор, остатоци од храна од кетеринг, пластика во која се завиткува облеката и така натака.
За да се избегнат некои од овие штетни работи, насловната страница на јануарскиот „Вог“ ќе ја красат 7 различни илустрации. Дизајнерите ги нацртале моделите кои ги носат најновите креации на Гучи.
Главниот уредник истакнал дека е исклучително горд, бидејќи за ова издание нема да има патувања ниту достава на облека. Италијанскиот „Вог“ за првпат од кога постои фотографијата, направил отстапување и ја заменил со илустрацијата. Според зборовите на уредникот Фарнети, ваквото издание е можеби и единственото во историјата на магазинот „Вог“.
Avete già visto le 7 copertine illustrate di Vogue Italia di gennaio? Sono tutte disegnate, non fotografate: scoprite perché ? https://t.co/3TvUAEmy8N#voguevalues
Заштедените пари кои биле предвидени за снимањето на модниот едиторијал одат во фондацијата за обнова на музејот во Венеција кој е оштетен во поплавите кои се случија во ноември 2019 година. Тие поплави се најголемите кои го зафатија овој италијански град во последните 50 години. Во писмата од читателите, уредникот Фарнети објавил и вест дека сите уредници на овој магазин потпишале изјава во која се обврзуваат дека повеќе ќе ја ценат и почитуваат различноста, одговорноста и почитта спрема поединци, заедницата и животната околина.
Фарнети рекол дека смета како само едно издание без моден едиторијал не е трајно решение за климатските проблеми, но јануарското издание го нарекол мал, но конкретен гест кон одржување на животната средина. Од јануари, „Вог“ е обвиткан во биоразградлива пластика.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Лејла Рамковска, долгогодишна инструкторка по јога, веќе подолго време е во љубов со музичарот Роберт Билбилов. Нивната љубовна врска почнала по долгогодишно пријателство и не е тајна дека се среќни. Во интервјуто за „Слободен печат“ со Лејла зборувавме за љубовта, јогата, мајчинство, музиката… Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Веќе подолго време со Роберт …
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори, која е толку бесмислена што ако не е човек новинар би немало причина зошто да ја следи, а сите други би биле пресреќи ако изборите …