Зошто треба да го спуштаме капакот на тоалетната шолка?

Зошто треба да го спуштаме капакот на тоалетната шолка?

686
SHARE
Профимедиа

Не се сомневаме дека вашите хигиенски навики се добри, но дали знаете дека од навиката за спуштање на капакот на тоалетната школка пред да пуштите вода зависи и зачестеноста на ширењето на болестите во вашиот дом.

Микробиолозите велат дека од тоалетната школка која не е поклопена може да излезе облак од микроскопско ситни бактерии кои се спуштат на блиските површини.

Тоа го зголемува ризикот од ширење вируси, кои, на пример, предизвикуваат напади на повраќање или пречки во варењето.

Стручњаците велат дека капакот со голема причина е направен да постои токму во тоалетот. Тие спровеле истражување за патиштата на ширење на болестите.

Користеле стелиризиран тоалет и го инфицирале со болничката супер-бактерија C. difficile. Ако капакот бил кренат во текот на пуштањето на водата, бактеријата се ширела по просторијата и опстојувала во воздухот и 90 минути по првото пуштање вода. Иако бактеријата поминала и преку работ на поклопената школка, нејзината концентрација во воздухот била далеку помала.

Кога капакот бил кренат, бактеријата се нашла на сите површини, а кога бил спуштен, само лево и десно од тоалетната школка.
Интересно, но многу болници немаат капаци на тоалетните школки, утврдиле научниците.

Подготви: K. A.

 

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY