Зошто имате акни на грбот и како да се ослободите од нив?

Можеби веќе сте се помириле дека таква ви е кожата, но не можете, а да не се запрашате дали нешто правите погрешно?

308
Фото Профимедиа

Иако одамна не сте во тинејџерските години, може да се случи акните и понатаму да ве мачат, било да се на лицето или грбот.

Можеби веќе сте се помириле дека таква ви е кожата, но не можете, а да не се запрашате дали нешто правите погрешно?

Некои луѓе, едноставно се склони кон акни поради зголеменото лачење масла и пот, поради што порите се затвораат.

Но, врз ова влијаат и производите за нега на коса, особено ако не се исплакнете убаво по користењето. Оние кои спортуваат треба убаво да се истушираат по тренингот и да ја исперат опремата, за да не се полнат порите со нечистотии.

Тесната облека, која не ѝ дава на кожата да дише, може исто така да биде причинител за акни на грбот. Ако носите ранец често, тој создава повеќе триење, а со тоа и микроиритации, кои потоа може да преминат во акни.

Кремите со заштитен фактор исто така може да бидат причина за појавата на акни. Задолжително користете ги при изложување на сонце, но не заборавајте потоа да ги измиете од кожата.