Животни кои гледаат 50 отсто подобро од нас!

Во однос на големината на главата, мачките имаат изразито големи очи кои се состојат од неколку слоја на ткиво.

171

Сте се запрашале ли некогаш дали мачките гледаат во мрак бидејќи знаеме за нивниот исклучителен вид? Одговор на ова прашање е не, но во полутемнина гледаат дури 50 отсто подобро од нас, благодарение на специфичната градба на очите.

Во однос на големината на главата, мачките имаат изразито големи очи кои се состојат од неколку слоја на ткиво.

Мачките како и кучињата имаат слој на ткива кои рефлектираат светлост. Научниот назив му е tapetum lucidum. Едноставно речено, заради тоа на мачките им светат очите во мрак.

Додека tapetum lucidum ја зголемува способноста на видот при намалена светлост, истовремено ја намалува острината на видот при обилна светлина. Мачките може да разликуваат и бои, но не и слични нијанси.

Сосем нормално е да забележите и трет капак кај вашиот миленик. Во него се наоѓа солзна жлезда која дополнително го влажни окото.