Пониските луѓе имаат поголеми шанси да умрат во болница

Стручњаците велат дека тоа се случува, бидејќи медицинската опрема е наместена за човек со просечна висина, пренесува „Дејли мејл“. 

137
Профимедиа

Пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега, а се пониски со растот, имаат многу поголеми шанси да преживеат на интензивната нега, покажало истражувањето спроведено на 40.000 пациенти во Британија.

Еден од пет високи мажи умираат во интензивната нега, а тој број скокнува на 29,2 отсто кога се во прашање ниските мажи. Во интензивната нега умираат околу 17,1 отсто високи жени, а дури 24,1 отсто пониски.

Стручњаците велат дека тоа се случува, бидејќи медицинската опрема е наместена за човек со просечна висина, пренесува „Дејли мејл“.

Ова се случува и кога на пониските луѓе им се дава премногу голема доза лекови, како што се седативите, што би можело да доведе до сонливост и на крајот до престанување на дишењето.

Погрешната големина на цевката за дишење, исто така, може да предизвика оштетување на гласните жици кај пониските луѓе, покажало истражувањето.