Пет совети како да ја победите несоницата

Погрижете се вашата спална соба да биде темна и да не гледате кон извори со силно светло во вечерните часови, гласи еден од главните совети за спречување на проблемите со несоницата.

225
Профимедиа

Избегнување на телефони пред спиење, регулирање на собната температура и темнина во просторијата во која спиете, се само некои од решенијата кои можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од  несоница.

Темнина

На сите ни е неопходна темнина во вечерните часови, со цел да се поттикне ослободување на хормонот мелатонин. Овој хормон е всушност супстанца, која поттикнува здрав почеток на циклусот на спиење. Сепак, во вечерните часови обично сме окупирани со вештачките светла, како компјутерски екрани, смартфони, телевизори и слично. Таа вештачка светлина во текот на ноќта го блокира нормалното ослободување на мелатонин, па поради тоа мозокот не знае дека е ноќ.

Затоа, погрижете се вашата спална соба да биде темна и да не гледате кон извори со силно светло во вечерните часови.

Доследност

Потрудете се да си легнувате отприлика во исто време секој ден, без разлика дали станува збор за викенд или работен ден. Преку оваа навика вашето тело ќе се навикне на точно одредено време за спиење и будење.

Температура

Основната температура на нашето тело треба да опадне за да можеме да заспиеме и без потешкотии да потонеме во длабок сон. Од оваа причина, секогаш полесно ќе заспивате во соба која е поладна.

Станете од кревет веднаш кога ќе се разбудите

Немојте долго да останувате будни во кревет, барем не повеќе од 25 минути. Во спротивно, вашиот мозок постепено ќе добива информација дека сте се разбудиле наместо веднаш  да  ја обработи истата, што ќе се случи ако веднаш станете од креветот.

Избегнувајте кофеин

За да немате проблеми со несоницата, избегнувајте кофеин во попладневните часови. Кофеинот е психоактивен стимуланс, кој може да ги отежне вашите напори да заспиете, а исто така може да влијае и на тоа да се будите рано наутро.