Рецепт за домашен крем од лешник и чоколадо

Потребни ви се лешници, какао, екстракт од ванила и кокосово масло. Како засладувач можете да користите мед, јаворов сируп или агаве сируп, наместо бел шеќер.

119

Индустриските кремови се полни со шеќер и масти и се многу калорични, а содржат и многу соја лецитин, кој во големи количини е штетен.

Поради тоа, секогаш е подобро кога можете, да подготвувате здрави алтернативи на омилените десерти дома.

Потребни ви се лешници, какао, екстракт од ванила и кокосово масло. Како засладувач можете да користите мед, јаворов сируп или агаве сируп, наместо бел шеќер.

Состојки:

Две полни чаши домашни лешници

Една третина од истата чаша засладувач

Една четвртина чаша какао

Една лажица кокосово масло

Една лажичка екстракт од ванила

Сосема малку хималајска сол

Подготовка:

Лешниците потпечете ги во рерна 15-тина минути или на грил-тава додека да добијат златеста боја. Потоа префрлете ги во блендер, додадете го стопеното кокосово масло и блендирајте додека да добиете путереста текстура.

Потоа додајте ги засладувачот, какаото и ванилата и блендирајте додека смесата хомогено да се поврзе.