Комбинации со јајца за успешно внесување хранливи состојки со секојдневната исхрана

Кога правите спанаќ во тава, додајте јајце во текот на печењето. Можете и да ги искомбинирате во фил за пита. Вака добивате суперхранлив оброк со малку калории.

235
Профимедиа

Јајцата се богати со многу хранливи материи и треба да бидат задолжително дел од вашиот план за здрава исхрана.

За да го искористите нивниот бенефит максимално, следете ги следниве упатства за комбинирање:

Варено јајце со авокадо

Популарниот авокадо-тост збогатен со неколку парчиња сварено јајце е богат со здрави масти кои даваат и доволно енергија, но и ја подобруваат работата на метаболизмот.

Јајце со лут зачин

Капсаицинот од лутиот зачин придонесува вашето тело поефикасно да ја претвора храната во чиста енергија, па во омлетот или врз салатата од варени јајца слободно додадете малку чили.

Варено јајце во чорба

Испасираното варено јајце е добар додаток за во чорба со грав или леќа. На тој начин се засилуваат хранливите ефекти на мешунките.

Јајце со спанаќ

Кога правите спанаќ во тава, додајте јајце во текот на печењето. Можете и да ги искомбинирате во фил за пита. Вака добивате суперхранлив оброк со малку калории.

Јајце и цитрон

И двете намирници може да бидат дел од салата или пак, вклучете ги и двете во појадокот. Оваа комбинација делува антивоспалително, го хидрира телото, но и го забрзува метаболизмот.