Есенски десерт од јаболки и цимет

За вториот дел од рецептот ви се потребни три пакетчиња желатин, три жолчки (белките оставете ги настрана, за декорација), 250 милилитри млеко, 60 грама шеќер во прав и 200 милилитри хопла, добро изматена.

377

Овој лесен десерт ги собира вкусовите на есента во една чинија, лесен е за подготовка и е многу вкусен.

Најпрво подгответе паста од две изрендани јаболки, 200 грама шеќер, исцеден сок од лимон и две лажички цимет. Јаболките се рендаат излупени. Се ставаат во тенџере заедно со шеќерот и лимоновиот сок. Мешајте на умерена температура, додека да добиете паста. Откако ќе го тргнете од оган, ставете го циметот и измешајте.

За вториот дел од рецептот ви се потребни три пакетчиња желатин, три жолчки (белките оставете ги настрана, за декорација), 250 милилитри млеко, 60 грама шеќер во прав и 200 милилитри хопла, добро изматена.

Додека желатинот нараснува во вода, за тоа време изматете ги жолчките со млекото и шеќерот, додека да добиете крем. Ставете го да се вари на пареа, со постојано мешање.

Откако кремот е изладен, измешајте го желатинот во него. Оставете го кремот да се излади. Потоа, изладениот крем измешајте го со пастата од јаболки. Можете да сервирате во десертни чаши или чинии, по ваша желба. Декорирајте со цимет, парчиња свежи јаболки и снег изматен од трите белки и шеќер.