Заврши снимањето на серијата „Игрa на тронови“

51

По повеќе од девет месеци, заврши снимањето на последната осма сезона на серијата „Игра на тронови“. Во неа фановите ги очекуваат шесте нови епизоди што продукцијата успеа да ги држи во тајност со неверојатно осигурување.

„Никој не доби физичка копија од сценариото. Добивме сè во дигитална форма на апликацијата и по читањето, документот сам се бришеше. Речениците што ги изговаравме ги добивавме еден ден порано, а по 24 часа тие целосно исчезнуваа“, рече Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк во серијата.

Таа исто така откри дека на снимањето имале забрана за фотографирање и морало да стават налепници над камерата на мобилните телефони, а секој член на тимот добил кодно име, така што никој не знаел кој бил на снимањето тој ден.

Актерките Емилија Кларк и Мејси Вилијамс, кои беа во серијата од првата сезона од 2011 година, се пофалија дека снимањето на серијата е завршено.

„Скокнав на бродот до островот за да ја поздравам земјата што речиси една деценија ми беше дом. Ова беше неверојатно патување. Благодарам на „Игра на тронови“ за животот што никогаш не ни сонував дека ќе го живеам и за семејството што ќе ми недостига засекогаш“, напиша Кларк најавувајќи повлекување од Холивуд извесен период за да се одмори.