Заменик-градоначалникот на Трст ги фрли алиштата на бездомник во отпад ФОТО

Во спорната објава, Полидори рекол дека е среќен што фрлил „куп партали” во отпадок.

324
Принтскрин

По гестот на локалниот функционер Паоло Полидари, жителите на италијанскиот град Трст масовно излегоа и на бездомниците им донираа прекривки и облека. Полидари дури и се пофали на социјалните мрежи дека го избркал бездомникот и дека тоа го направил „со задоволство“.

Жителите на Трст му се извинија на овој и на сите други бездомници за гестот на десничарскиот функционер, кој се правдаше дека бездомникот бил Романец, кому му било наредено да го напушти Трст.

Во спорната објава, Полидори рекол дека е среќен што фрлил „куп партали” во отпадок.

„Како нормален граѓанин кој има пристојност го собрав тоа и го фрлив”, напиша тој.„Пораката е: нулта толеранција! Сакам Трст да биде чист”, рекол тој.

Полидори рече дека „скитникот” ќе добие нова облека ако отиде во јавно засолниште за бездомници. Тој рече дека се работи за „скитник” од Романија на кој му било наредено да го напушти Трст.

„Мојата објава на Фејсбук е злоупотребена, јас не сум расист“, напишал Полидари.

Фото: Твитер/Принтскрин