Тест: Кое од овие лица ве ужаснува најмногу? Откријте ги своите стравови

Овој тест го развил унгарскиот психијатар Леополд Сонди во 1935 година.

302
Принтскрин/9гаг

Погледнете ја добро фотографијата погоре. Кое лице најмногу ве плаши или ужаснува?

Што тоа откива за вас?

Овој тест го развил унгарскиот психијатар Леополд Сонди во 1935 година.

Кој број го избравте?

1. Садист

Веројатно сте потиснале некои искуства од детството, но тоа се одразува кон вашето однесување и склоноста кон неволји. Вие не сте опасна личност, прилагодливи сте, но кога нешто не сакате, поставувате бариери и пружате пасивен отпор.

2. Епилептичар

Импулсивни, често раздразливи и имате испади на бес кои се проследени со агресија. Можно е да сте потиснале нешто во себе уште од најраните денови. Во пракса, сте љубезни и пријателски настроени, сè додека лутината не излезе од контрола.

3. Кататоничар

Обожавате да ја стимулирате својата фантазија. Ако овој портрет ве ужасна, можеби ја потиснувате хиперактивноста на умот, за да не бидете стереотипно етикетирани. Често сте срамежливи и прилагодувањето на нови ситуации ви создава мака.

4. Шизофреничар

Ви се случува да бидете апатични, да ја искривите перцепцијата и да имате чудни емоции. Често сте рамнодушни и тоа ви пречи. Сакате да комуницирате, но исто така сакате и да бидете изолирани. Вложете повеќе емоции во сè што правите.

5. Хистеричен

Кај хистеричните лица емоциите се површни и нестабилни. Вам ви се потребни внимание и одобрување. Во реалноста сте скромни, но сакате да ги шармирате оние околу вас, што го правите со избор на добра облека и општо, впечатлив надворешен изглед.

6. Депресивен

Овој портрет симболизира аверзија и значи дека дури и кога сте во сепресија, вие го потиснувате тоа и го контролирате. Она што го прикажувате пред другите е динамичност, самодоверба, но кога сте сами запаѓате во меланхолија и сте мрзоволни.

7. Манијак

Ако го избравте овој портрет, можеби во вас има потиснат манијак кој се преценува себе и се растура со своите емоции и пари. Мразите бучава и претерување кога доаѓа од другите и цените дискреција и логика.

8. Дисоцијативно нарушување на личноста

Овој тип на личности сакаат да бидат прифатени, особено од оние кои се предмет на нивниот романтичен интерес, без оглед на полот.