Таксистите во Милано казнети зашто носеле шорцеви

Според пропис усвоен во 2016 година, таксистите безразлика на временските услови не смеат да носат кратки панталони, маици без ракави или спортска облека, односно тренерки.

69

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано добиле парична казна во износ од 110 евра, поради носење шорцеви, иако во италијанскиот град со недели температурата е до 35 целзиусови степени, пренесоа италијанските медиуми.

Според пропис усвоен во 2016 година, таксистите безразлика на временските услови не смеат да носат кратки панталони, маици без ракави или спортска облека, односно тренерки.

Милано е една од светските модни престолнини, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени, без оглед на модните трендови или временските услови. (Макфакс)