Роби Вилијамс покажа среден прст кон камерата: „Не им се продадов на Русите“ (ВИДЕО)

Музичката ѕвезда и голем вљубеник во фудбалот изјавил дека пеењето на отворањето на првенството за него е остварување на сон од детството. Неговиот потег предизвика лавина реакции, а многумина го нарекле идиот.

Британската музичка ѕвезда Роби вилијамс којк настапи на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, го покажа средниот прст во камерата, како одговор на критиките на британските таблоиди дека се продал на Русите.

Музичката ѕвезда и голем вљубеник во фудбалот изјавил дека пеењето на отворањето на првенството за него е остварување на сон од детството. Неговиот потег предизвика лавина реакции, а многумина го нарекле идиот.

Вилијамс ги разбеснил Русите пред две години кога го објавил синглот „Party Like A Russian“, а многу му забележале поради стереотипот кој го отпеал.

Пред една година, на шега, се понуди да ја претставува Русија на „Песна на Евровизија“, која се одржа во Украина.

Многу брзо се дозна дека пејачот не го покажал средниот прст туку така без причина, туку реагирал на критиките дека е платеник и дека се продал на Русите, за што го обвиниле и некои британски медиуми, пишува „Мирор“.

Го направив ова бесплатно, рекол Вилијамс пред да го покаже средниот прст во камерата. (Макфакс)